Прославениот италијански фудбалски стручњак Фабио Капело, верува дека навивачите на Јувентус ќе ги заборават разликите со Маурицио Сари ако тимот покажува добри резултати под негово водство. Тој Сари го спореди со професор.
И јас исто така имав на почетокот негативно искуство во Јувентус. Ова не се случи затоа што претходно ја тренирав Рома и Милан, туку затоа што еднаш ветив дека нема да дојдам во Јувентус. Имаше многу болни зборови, транспаренти и други работи … Знам дека Конте беше критикуван поради одење во Интер. Но тоа е така. Тренерите се професионалци, фудбалот е бизнис. Идниот Сари во Јувентус? Премиер лигата е врвот на фудбалот. Сари отиде во Англија како наставник и се враќа во Италија како универзитетски професор, изјави Капело за „Газета дело спорт“.
Шеесет годишниот Сари кој беше тренер на Наполи од 2015 до 2018 година од вчера е поставен за нов тренер на Јувентус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.