Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед и француската репрезентација, Ерик Кантона е добитник на претседателската награда на УЕФА, објавено е на официјалната веб-страница на организацијата.
Оваа награда не е само признавање на кариерата на одличен играч со уникатен талент, неспоредлив стил на игра и непобитна харизма. Тој е личност која одбива да направи компромис, ги брани своите вредности, го изразува своето мислење и, што е уште поважно, го става своето срце и душа за поддршка на оние работи во кои верува, се цитира на веб-страницата на УЕФА, изјавата на претседателот на организацијата Александар Чеферин.
Наградата на Французинот ќе му биде доделена на церемонијата што ќе се одржи утре во Монако.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.