Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Драган Канатларовски, одбра 23 фудбалери за претстојните натпревари против Украина и Франција на домашен терен во рамки на квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 година.
На 11. октомври на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе гостува Украина, а пет денови подоцна на Националната арена „Тодор Проески“, „црвено – жолтите“ го пречекуваат првиот фаворит во групата Франција.
Не очекуваат два извонредно тешки натпревари против силни и квалитетни селекции. Фокусот е на дуелот со Украина, мислам дека шансата за освојување на три бода треба да ја бараме на овој натпревар. Франција е апсолутен фаворит во групата. Треба да покажеме пред сè квалитет и храбра игра на двата меча. Ќе дадеме се од себе да се претставиме во добро светло пред домашната публика – изјави Канатларовски за официјалниот сајт на ФФМ.
Канатларовски образложи дека за двата претстојни натпревари нема да може да смета на стандардните Стефан Чолаковски и Метју Божиновски, кои не добија дозвола од нивните клубови поради здравствени Ковид-19 ограничувања. Агон Елези, исто така, не е во комбинација за настап поради повреда, а под знак прашалник поради повреда е и фудбалерот на Работнички, Лука Станковски.
Повикани фудбалери за дуелите со Украина и Франција:
Голмани: Давид Денковски (Брегалница), Марко Алчевски (Академија Пандев), Дамјан Серафимов (Кадино);
Одбрана: Филип Антовски (Австрија Виена, Австрија), Блертон Шеји (Шкупи), Славе Маркоски (Охрид), Марио Младеновски (Македонија Ѓ.П.), Адриан Хајдари (Рапид Виена, Австрија), Стефан Наумчевски (Тиквеш), Јован Манев (Брегалница);
Среден ред: Иван Николов (Вардар), Димитар Тодоровски (Работнички), Енис Фазлагиќ (Жилина, Словенија), Али Адем (Шкупи), Томче Гроздановски (Дугопоље, Хрватска), Амел Рустемоски (Вил, Швајцарија), Лука Станковски (Работнички), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Методи Максимов (Работнички), Флорент Рамадани (Шкендија);
Напад: Марко Ѓорѓиевски (Шкупи), Емир Скендери (Струга), Марио Илиевски (Септември Софија, Бугарија);
Собирот на репрезентацијата е закажан за в недела во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.