Тијаго Алкантара беше збунет од светлечката реклама.
Новогодишните и Божиќните празници се ближат, а во тие денови главната улога ја има Дедо Мраз. Токму Дедо Мраз веќе пред некој ден пристигна на Алијанц Арена во Минхен и го збуни Тијаго Алкантара.
За време на мечот против Лајпциг, на светлечките реклами кои се веднаш до аут линијата, „поминуваше“ Дедо Мраз. Во еден момент Алкантара забележувајќи дека некој во црвена униформа се придодава во нападот, без размислување му ја упати топката нему.
Сепак, тоа не беше играч на Баерн, туку Дедо Мраз од дисплеј рекламата. Дури и Баерн Минхен на својата твитер страница се пошегова со Тијаго дека нашол нов соиграч на теренот, а тоа е Дедо Мраз.
That time @Thiago6 found his next midfield partner. 😂#MiaSanMia #FCBayern pic.twitter.com/fZFSHWeVpa
— FC Bayern US (@FCBayernUS) December 21, 2018
извор: спортманија.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.