Фудбалерот и сопруг на Јелена Карлеуша Душко Тошиќ раскажува дека поминал низ драма кога си заминувал од Кина во периодот кога почнал да се шири коронавирусот.

Играчот за кинески Гуангжу, некогашен одбранбен играч на Бешикташ, за турскиот портал „Фанатик“ откри дека морал да ја напушти Кина.

Знаевме за коронавирусот, моравме да бидеме внимателни. Сепак, после тренингот ми се приближи тренерот и ми кажа: „Кога ќе завршите веднаш да се вратите дома и не се задржувајте“. Во тој момент започнаа да се откажуваат летовите од Кина, но некако успеав да го најдам последниот лет. Тоа што го видов беше неверојатно. Како да беше крај на светот. Ни тогаш не чувствував страв. Навивачите на Бекшиташ ме нарекуваа „Тенк“, а тенкот не се плаши од ништо. Се трудев да останам смирен, раскажува тој.

Тој пристигнал во Истанбул, а оттаму заминал во својот дом во Белград каде што бил во изолација еден месец.

Подоцна заминавме да тренираме во Дубаи, лигата е одложена, но некои играчи почнаа да се враќаат додека вирусот се шири низ Европа. Играчите како Грацијано Пелеа, Оскар, Марко Арнаутовиќ и јас, не можеме да се вратиме во Кина бидејќи немаме летови. Но, мораме некако да се вратиме. Сите имаме договори со клубовите, вели Тоѓиќ и додава дека осум дена не го напуштил домот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.