Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Лионел Меси ќе го пропушти натпреварот од 7. коло во француската Лига 1 против Мец, објавено е на веб-страницата на парижаните.
Фудбалерот беше полесно повреден на натпреварот против Лион (2:1) и нема да може да тренира неколку дена.
Дуелот Мец – ПСЖ е закажан за 22 септември.
Откако се приклучи на ПСЖ, Меси одигра само три натпревари за тимот: два во француската лига (против Ремс и Лион) и еден во групната фаза од Лигата на шампионите против Клуб Бриж (1-1). На ниту еден од овие натпревари Аргентинецот не успеа да постигне ниту гол, а нема ниту асистенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.