Бројот на следбеници на страницата на Инстаграм на Јувентус надмина 31,1 милион. Клубот од Торино го помина Манчестер јунајтед во овој индикатор и се искачи на третото место меѓу фудбалските клубови.

Вреди да се напомени дека бројот на претплатници во Јувентус нагло се зголеми по доаѓањето во клубот на Кристијано Роналдо. Во 2018 година, на почетокот на летото, италијанскиот шампион имаше „само“ осум милиони следбеници.

Водечките позиции ги заземаат Реал Мадрид и Барселона, со 77,5 милиони, односно 76,4 милиони следбеници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.