Италијански „Тутоспорт” јавува дека Јувентус ќе се обиде да го „украде“ од Рома младиот офанзивен играч за врска, Николо Заниоло.

Талентираниот играч од средниот ред минатото лето дојде во Рома од Интер. Тој е еден од најдобрите играчи во екипата на Рим оваа сезона, и беше особено добар во 1/8-финалето на Лигата на шампионите против Порто.

Јувентус е подготвен да понуди 60 милиони евра со цел да го обезбеди доаѓањето на Заниоло, но во Рома ќе се обидат да сторат сè што е можно за да ја блокираат работата.

Во Рома работат на нов договор за фудбалерот, но тешко дека ќе можат да го задржат Заниоло во своите редови доколку не успеат да се квалификуваат во Лигата на шампионите следната сезона, нагласува весникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.