Аргентинскиот напаѓач на Јувентус, Пауло Дибала, е повреден и веројатно нема да може да игра до крајот на април, пишува „Ла Стампа“.
Аргентинецот заработи повреда на мускулот при поразот со 1-2 завчера против Ајакс во Лигата на шампионите и речиси сигурно ќе ги пропушти следните два натпревари на „Старата дама“. Торинскиот тим ја пречекуваат Фиорентина во сабота, а на 27 април оди на гости кај Интер во „Дерби д’Италија“.
Аргентинецот, исто така, е под знак прашалник за градското дерби со Торино, кое е закажано за почетокот на мај.
Дваесет и пет годишниот Дибала сезонава настапи на 39 натпревари во кои постигна 10 гола и 6 асистенции во сите натпреварувања оваа сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.