Италијанскиот шампион, Јувентус му понудил нов договор на хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ. Тренерот Масимилијано Алегри е презадоволен од неговите игри оваа сезона, па раководството му понудило договор за продолжување на соработката до 2022 година.

Со оглед дека тој има 32 години, доколу Манџукиќ одлучи да остане во Торино, тоа би значело може да ја заврши кариерата во редовите на „старата дама“.

Манџукиќ има понуди и од Кина, каде би можел да заработи и многу повеќе пари, но, сепак, многу поизгледно е дека ќе ја прифати понудата на Јувентус за обновување на соработката со Јуве.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.