Јувентус сака да го продаде напаѓачот Гонзало Игуаин во летниот трансфер период. Во моментов, 31-годишниот Аргентинец настапува за Челси како позајмен играч, но „сините“ од Лондон немаат намера да го откупат неговиот договорот по завршување на сезоната.
Според „Калчо меркато“, Јувентус сака да го продаде Игуаин во Интер.
„Трансфермаркт“ го проценува играчот на 45 милиони евра.
Оваа сезона Игуаин одигра 36 натпревари, постигна 12 гола и забележа две асистенции, а во првиот дел од сезоната настапуваше како позајмен играч во тимот на Милан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.