Фудбалерот од нападот на Јувентус, Пауло Дибала би можел може да го напушти клубот во летниот трансфер период. Според „Тутоспорт“, италијанскито шампион има намера да го продаде 25-годишниот Аргентинец за 100 милиони евра.
Јувентус сака да се ослободи од Дибала за да го финансира купувањето на други играчи, a според „Тутоспорт“ на мета на Јуве се Жоао Феликс, Мохамед Салах и напаѓачот на Интер, Мауро Икарди.
Договорот на Дибала со торинскиот клуб трае до 30 јуни 2022 година.
Оваа сезона Дибала одигра 39 натпревари за Јувентус, постигна 10 гола и забележа четири асистенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.