Италијанскиот шампион Јувентус му понудил петгподишен договор од 2.6 милиони евра по сезона на десниот бекот на Тотенхем, Киран Трипиер, пишуваат италијанските медиуми.

Сепак, според истите извори, англискиот клуб не сака да го пушти својот играч доколку понудата за него не изнесува најмалку 35 милиони евра, што може да биде проблем за остварување на трансферот, иако британскиот репрезентативец прифватил да игра во Серија А.

Во Торино, 28 годишниот фудбалер би требал да го замени Португалецот Жоа Кансело, кој кариерата најверојатно ќе ја продолжи во Манчестер сити.

Инаку, Трипиер доаѓа од школата на Сити, а во Тотенхем е од 2015 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.