Шампионот на Италија, Јувентус, доби сериозна конкуренција од Интер кога е во прашање потписот на италијанскиот дефанзивец од редовите на Манчестер Јунајтед, Матео Дармиан.
Италијанскиот интернационалец не е задоволен од минутажата која ја има на „Олд Трафорд” и сака по секоја цена да ја промени клупската средина до крајот на месецов.
Двата клуба се подготвени да одвојат околу 3 мил. евра за 6-месечната позајмица, а потоа, на крајот од сезоната, да го откупат неговиот договор. Јувентус за да отвори место за Дармиан во ростерот, најпрво сака да го испрати младиот Спинацола на позајмица во Болоња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.