Владее неверојатна еуфорија помеѓу навивачите на Манчестер јунајтед за дресовите со името на Кристијано Роналдо.
За само 12 часа откако дресот со број 7 беше ставен на продажба во клупските продавниците на Манчестер јунајтед, навивачите потрошиле неверојатни 32,5 милиони фунти.
Ова е апсолутен рекорд во Премиерлигата, а производителот на дресовите „Адидас“ има проблем да испорача доволно дресови до клупските продавници. Затоа навивачите чекаат со часови за да дојдат до дрес на Португалецот, а дел ги препродаваат на интернет и тоа по цена од 1.500 фунти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.