Манчестер Јунајтед синоќа дојде до деветата победа во Премиерлигата откако во 20. коло славеше со 3-1 на „Олд Трафорд“ против Барнли во натпревар во кој сите голови паднаа во првото полувреме.
Мечот го отвори МекТоминеј со одличен удар надвор од шестнаесетникот во 8. минута, а деветнаесет минути подоцна по продорот и ударот на Санчо топката ја закачи Ми, го промени правецот и истата заврши во мрежата на Хенеси. Во 35. минута домашниот тим стигна и до 3-0 по новиот одличен удар на МекТоминеј и голот на Кристијано Роналдо, а конечните 3-1 ги постави Ленон со блесок во 38. минута
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.