Раководството на Манчестер Јунајтед сериозно размислува за можноста да врати во клубот една од најголемите легенди на „црвените ѓаволи“, Ерик Кантона.

Според „Мирор“, идејата е да се покани Французинот како амбасадор и да им се придружи на други легендарни фигури, како Брајан Робсон и Денис Ирвин, кои веќе ги исполнуваат тие одговорности.

Навивачите на Јунајтед буквално му се поклонуваат на Кантона, кој има освоено четири шампионски титули со тимот на „црвените ѓаволи“, двапати ФА Купот и три пати Суперкупот на Англија.

Тој постигна 82 голови и беше идентификуван како најдобар трансфер на Манчестер Јунајтед во ерата на Фергусон



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.