Со наближувањето на крајот на трансфер прозорецот (5 октомври), Манчестер Јунајтед се сврте кон уште двајца играчи во обид да донесат на централен напаѓач на „Олд Трафорд“.
Новинарот Џанлука Ди Марцио тврди дека во тек се разговори со слободниот агент Единсон Кавани и напаѓачот на Реал Мадрид – Лука Јовиќ. Вториот се дискутира за изнајмување, додека поранешниот напаѓач на Пари Сен Жермен би потпишал траен договор. Во зима, Кавани веќе ја одби понудата на „црвените ѓаволи“.
На „Олд Трафорд“ летово не беа активни во потрага по нова „деветка“, а сега немаат многу време.
Претходно истиот ден, тренерот на Реал, Зинедин Зидан одби да коментира дали Јовиќ ќе си замине.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.