Напаѓачот на Евертон, Доминик Калверт-Луин е хит во Премиер лигата оваа сезона.
Стрелецот на 10 голови оваа сезона едноставно „експлодираше“ и ги засени сите напаѓачи на Островот, бидејќи го дели првото место на листата на стрелци во Премиерлигата со Хјеон-Мин Сон.
Затоа не е изненадувачки што има интерес за него, а Манчестер Јунајтед е пред сите. На клубот од Олд Трафорд му треба вистински напаѓач и новиот член на репрезентацијата на Англија одговара на тој профил.
Сепак, тие ќе треба да издвојат точно 100 милиони евра за трансферот, колку што бара Евертон.
Британските медиуми шпекулираат дека Јунајтед ќе тргне по него во јануари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.