„Црвените ѓаволи“ им дале рок од седум дена на „нероазурите“ во однос на трансферот на напаѓачот на Јунајтед Ромелу Лукаку во Интер. Информацијата ја потврди новинарот на британскиот весник „Дејли мирор“, Симон Мулок, кој вели дека управата на Манчестер сака да знаe на што се во однос на трансферот на Белгиецот.

Поточно, според истиот извор, Јунајтед сака да знае дали Лукаку во иднина ќе биде дел од нивната екипа или не, така што на Интер му дале рок од седум дена да ја заокружи зделката и конечно да испрати понуда од 85 милиони евра, колку што за него бара англискиот клуб.

Инаку, италијанскиот клуб се обиде да го донесе Лукаку во Милано преку трансфер пакети, понуди со кеш и разни други замени, но безуспешно бидејќи Јунајтед не отстапува од цената која ја постави за својот напаѓач.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.