Раководсвото на Манчестер јунајтед ќе му ја даде на Пол Погба капитенската лента и ќе го направи Французинот прв капитен на тимот за да го убедат да остане во клубот и да потпише нов договор, пишува „Дејли мирор“.

На Погба му било дадено на знаење дека клубот нема намера да го продаде ова лето и покрај интересот од Реал Мадрид, а челниците на „црвените ѓаволи“ сметаат дека Оле Гунар Солксјер ќе започне нова ера на клубот во која Погба ќе има важна улога.

Сегашниот капитен Антонио Валенсија, летово заминува од Јунајтед по истекот на својот договор, додека 33-годишниот Ешли Јанг е далеку од својата најдобра форма и летово се очекува подмладување и засилување на дефанзивата на Јунајтед кое ќе го остави Англичанецот во втор план.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.