Двајца напаѓачи на Манчестер јунајтед ќе го пропуштат решавачкиот натпревар со Лајпциг во рамките на 6. коло од групната фаза во Лигата на шампионите.
Единсон Кавани и Ентони Марсијал нема да одат во Лајпциг. Тие имаат „полесни повреди“, според главниот тренер на тимот, Оле-Гунар Солскјер.
Да потсетиме дека средбата е закажана за в среда. Лајпциг и Манчестер јунајтед имаат по 9 бода, исто како и ПСЖ, кој се среќава со Башакшехир од Истанбул
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.