Зимскиот преоден рок започнува за неколку дена, а европските клубвои активно работат на обезбедување на засилувања. Италијанските медиуми пренесуваат дека Монако зимава ќе се ослободи на 29-годишниот црногорски фудбалер, Стефан Јоветиќ, а негова нова можна дестинација е Рома.
Се шпекулира дека Патрик Шик би можел да го напушти „Олимпико“ во јануари, а на негово место би можел да пристигне Јоветиќ.
Инаку, спортскиот директор на Рома, Мончи во 2017-та година го доведе Јоветиќ во Севијла на позајмица од Интер додека беше спортски директор на шпанскиот клуб. Набрзо потоа Интер го продаде Црногорецот на Монако за 10.5 милиони евра.
Доколку Рома навистина го доведе Јоветиќ, тој повторно ќе заигра со својот поранешен клубски колега од редовите на Манчестер Сити – Един Џеко.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.