Легендарниот бугарски фудбалер, кој со со својата репрезентација го освои четвртото место на Светското првенство во САД во 1994 година, Јордан Лечков, зборувајќи за ситуацијата во бугарскиот фудбал, оцени дека Бугарите треба да земат пример од Македонија.

Пред 10 годин кажав дека треба добро да го погледнеме националното првенство, да видиме што е со натпрварите среда-сабота и да видиме кои Бугари играа тогаш. Погледнете ја само Македонија, не ја посочувам како пример затоа што сега ќе играат на Европско првенство, туку како пример каде играат македонските фудбалери, а каде нашите. Мора лигата да ни биде посилна, но и младите се помалку имаат желба за спорт и сите сме виновни за тоа – изјави Лечков.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.