Германскиот селектор Јоаким Лев летово би можел да го преземе Реал Мадрид. За оваа опција зборуваше поранешниот тренер на Реал, Бернд Шустер кој истакна дека тој веќе му го препорачал Лев на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

На еден настан разговарав со претседателот Флорентино Перез и го споменав Лео. Тој ме погледна толку чудно, очигледно го изненадив со нешто. За мене нема да биде изненадување ако Реал Мадрид се обиде да го привлече Јоаким Лев во текот на летото, изјавил Шустер за „Die Welt“.

И самиот Лев пак пред неколку недели истакна дека најверојатно неговите најдобри денови со Германија веќе поминале, што би можело да го однесе чекор поблиску кон Реал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.