Во ситуација кога ФК Вардар е пред амбисот и нему му се заканува целосно згаснување и стечај, и негова преселба во 4 та лига и трае натегањето помеѓу Град Скопје и сеуште актуелниот сопственик Сергеј Самсоненко, јавноста очекува одговори на неколку клучни прашања:

1. Дали Сергеј Самсоненко и сегашната власт заедно работат на воведување стечај во клубот и бришење на долгот на Вардар, т.е долгот на Самсоненко од 3.3 милиони евра?

2. Дали околу финансиското работење на досегашниот сопственик, некоја институција во државата што се бави со финансиски криминал направила увид и ревизија на работењето на досегашните сопственици?

3. Дали Ф.К Вардар има оставено отчет колку пари има заработено од историскиот пласман во ЛЕ , од ТВ права, билети, бодови и продадени над 20 играчи за кои никој не знае под кои услови заминале од клубот?

4. Зошто сеуште против лицето С.С нема покренато ниту една истрага околу овие сомнителни малверзации? Деновиве таков исход имаше против сопственикот на Динамо Загреб и неговиот брат кои добија судска пресуда иако клубот е оставен со ликвидна сметка и во 10 пати подобра состојба од Вардар?

5. Зошто долгот на Самсоненко не се наплати преку конфискација на академијата и помошните терени кои беа градени за потребите на клубот?
6. Зошто во Вардар веќе стана пракса да биде тајна за колку пари се носат играчи во Вардар за колку тие заминуваат и колкава плата земале како членови на Вардар?

7. Дали заради еден човек државата и институциите ќе ги затворат очите и нема да отворат истрага за финансиски малверзации на штета на еден спортски колектив кој е душа и срце на градот и државата?

8. Што бидна со вашето ЕДНА ЉУБОВ ЕДЕН ЖИВОТ кога се виде дека освен навивачите кои од свој џеб одвоија 30 000 евра за да купат време со цел спасување на клубот, никој друг не застана зад таа парола?

9. Дали со уништувањето на последниот бастион на македонскиот непокор ќе ја спуштите завесата на последната успешна македонска приказна или ќе се одважите да излезете од таа малодушна рамка и ќе преземете мерки?

Одговори на овие прашања мора да има. Во моментот кога дресот на Вардар го потат тинејџери зад кои застанаа сите навивачи, премногу боли и пече гилотина која виси над нашата најголема љубов!

И не заборавајте! Ако Вардар застане, Скопје ќе се поплави! Без реакција од навивачите, клубот нема да биде оставен да отиде во провалија, а тоа нема да е крај туку почеток на нешто сосема друго.

Трпението е при крај кај сите а нашето чедо нема да дозволиме да биде исфрлено на улица!

И од 4 та лига ако треба , ќе бидеме најгласните, најверните и ќе се вратиме таму каде што ни е местото! Но лицата ваши лажни за секогаш ќе бидат фрлени на буништето на црната историја зошто вие сте водата која ќе истече а ние сме коритото вардарово!

Секогаш со Вардар! #ЕднаЉубовЕденЖивот

Извор: Приказни од булеварот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.