Украинскиот репрезентативец Андриј Јармоленко беше прогласен за играч на натпреварот на денешниот натпревар против Македонија. Во прес салата тој направи контра од она што го направи Кристијано Роналдо, кој ги тргна шишенцата со Кока Кола. По него и Погба го направи истото со пивото Хајнекен, а Украинецот направи нешто спротивно на нив.

„Може ли да направам нешто, видов дека Роналдо тргна кока-кола… Јас пак ставам ставам Кока Кола, па ставам Хајнекен, сите се мои“, рече Јармоленко низ смеа.

Дали е ново спонзорство на повидок?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.