Поранешниот играч на Барселона и Манчестер Сити, Јаја Туре, објави дека ќе стави крај на неговата кариера. Веста беше потврдена од страна на агентот на играчот, Димитри Селук, кој најави дека неговиот клиент ќе продолжи со тренерската професија.
Туре го напушти Манчестер Сити на крајот од минатата сезона, враќајќи се во својот поранешен тим Олимпијакос. Меѓутоа, тој помина само три месеци пред да го раскине договорот со грчкиот клуб. Во својата богата кариера, играчот од средниот ред освои многу трофеи, меѓу кои и три во Англија, како и шампионски медал во Лигата на шампионите.
Покрај тоа, Туре има титула од Африканскиот Куп на нации со Брегот на Слоновата Коска и исто така е избран за најдобар играч на африканскиот континент за 2011, 2012, 2013 и 2014 година.
Кариерата на Туре во Европа започна во Металург Доњецк, а потоа помина низ Олимпијакос, кога ја освои титулата и грчкиот Куп. Следи трансфер во Монако, а потоа и во Барселона, каде поминува три години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.