Македонските фанови ќе можат лично да ги испратат нашите најдобри фудбалери на ЕП во Романија и Холандија, затоа што за пријателските натпревари со Словенија и Казахстан закажани на 1 и 4 јуни во Скопје ќе се отворат трибините за нашите навивачи.

Според најавата, Владата ќе дозволи присуство на навивачи и на двата контролни меча и тоа во границите на 30% од вкупниот капацитет на Националната Арена. Тоа значи дека по околу 10.200 гледачи ќе можат да присуствуваат и на двата меча.

Тоа ќе биде одлична шанса за нашите навивачи да им ја дадат својата голема поддршка на нашите херои кои во Букурешт и Амстердам ќе дебитираат со настапите на континенталните шампионати



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.