Душко Тошиќ ноќта ја поминал во кафана со поранешната сопруга на Симон Кариќ Тамара Николиќ, ексклузивно дознава Курир. Двајцата во саботата вечерта биле видени во Скадарлија каде поминале до утринските часови.

Иако беа со пријатели, гостите кои седеа во близина ја коментираа нивната повеќе од интимна врска.

Душко и Тамара одлично се забавуваа. Се обиделе да останат незабележани, но не успеаja. Иако светлината беше слаба, таа изгледаше како да ужива во неговото друштво. Таа непрекинато се смееше, наздравувајќи и него и на другите луѓе на масата. И тој уживаше. Ми се чинеше дека штотуку се запознале, но можеби грешам. Во нивно друштво беа и некои други убавици, но додека бев во тоа кафуле, тој секогаш беше фокусиран на разговор со поранешната сопруга на Кариќ, како и таа со него. Бидејќи беше гласна музика, не можев да слушнам за што зборуваат, бидејќи седев неколку маси подалеку, но видов како често си шепотат на уво – раскажува очевидец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.