Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Паоло Роси почина на 64-годишна возраст, објави „Газета дело Спорт“. Засега нема информации за околностите на смртта.
Во 1982 година на Светското првенство, Роси стана најдобар стрелец и му помогна на тимот да го освои Мундијалот. Во групната фаза, тој постигна хет-трик со Бразил (3:2), а во финалето – постигна еден гол против Западна Германија (3:1).
Исто така во 1982 година, Роси ја доби Златната топка и беше прогласен за најдобар играч на СП 1982 година. Италијанецот е вклучен на списокот на ФИФА 100 и на списокот на најдобри фудбалери на 20 век според Светскиот фудбал.
Роси одигра 48 натпревари за италијанската репрезентација и постигна 20 гола. Тој играше за клубови како Виченца, Милан, Јувентус, Верона и Перуџа. Со Јувентус двапати ја освои Серија А
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.