Од трупот на авионот со кој исчезнаа фудбалерот Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон, било извлечено едно тело. За сега нема потврда потврда дали е тоа телото на фудбалерот или пилотот.
Трупот на авионот се наоѓа на 67 метри под водата, а екипите работеле во многу тешки временски услови.
Идентификацијата и обдукција на телото ќе биде направено во Портланд, Англија.
Сала и пилотот исчезнаа на 21 јануари над Ламанш. Авионот „Пајпер Малибу“ го превезувал фудбалерот од Нант во Кардиф, каде требало да им се приклучи на новите соиграчи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.