Најдобрата македонска судијка, Ива Пројковска ќе биде главен судија на финалето од Европското првенство за фудбалерки до 19 години. Ова е големо признание за нашата судијка на која и беше укажана довербата да суди финале на европско првенство.

Таа ќе го суди финалниот меч меѓу репрезентациите на Франција и Германија на Европското првенство за девојки до 19 години кое се одржува во Шкотска.

Тоа е нејзиното најголемо признание во досегашната судиска кариера.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.