Долгогодишниот играч на Баерн Минхен, Франк Рибери ја прифатил понудата на Фиорентина, пренесува „Скај Спорт Италија“.

Според информациите, 36-годишниот фудбалер треба утре да помине лекарските преглед во Фиренца, по што ќе потпише 2-годишен договор со плата од по 4 милиони евра за секоја од двете сезони плус уште 500 илјади во бонуси.

Французинот ќе се приклучи на составот како слободен агент, откако ова лето го напушти баварскиот клуб по 12 години на „Алијанц арената“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.