Британскиот министер за сообраќај Грант Шапс апелираше денеска до навивачите на италијанската фудбалска репрезентација да не доаѓаат во Лондон за финалето на ЕУРО2020.

Англија ќе игра в недела против Италија во финалето на стадионот „Вембли“ во Лондон, на кое се очекува присуство на околу 60.000 луѓе, но меѓу нив ќе има малку Италијанци поради британските правила за задолжителен десетдневен карантин при влез во Велика Британија.

Одговарајќи на новинарско прашање, што ќе им порача на италијанските навивачи, кои ќе се обидат да допатуваат во Лондон за финалето на ЕУРО2020, Шапс рече „Немојте, е одговорот на тоа едноставно прашање“.

Ако откриеме дека луѓето доаѓаат само поради фудбалот, нема да им биде дозволен влез и всушност многу чартер и директни летови се откажани врз основа на тоа, изјави Шапс за Радио Тајмс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.