Италија ја заврши групната фаза на Европското првенство со максимални девет бода. Избраниците на Роберт Манчини победија со 1:0 во третиот натпревар денес против Велс.

Комбинираниот тим на Италија беше пресилен за Велшаните, кои и покрај денешниот пораз поминаа од оваа група како вицешампиони.

Да бидат работите уште поимпресивни, Италија, покрај максималниот број на поени, ја помина групата без да прими гол, а последниот што го примија беше пред многу, многу одамна.

Тоа беше на 14 октомври 2020 година на мечот со Холандија во Лигата на нации кога погоди Ван де Бик, а денешниот натпревар беше 11-ти по ред бидејќи нивната мрежа остана недопрена. Броење на минути, Италија не прими гол точно 1000 минути! Импресивно!

Ќе видиме дали четирикратните светски шампиони ќе успеат да ја продолжат импресивната серија во осминафиналето каде ќе играат против Украина или Австрија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.