Претседателот на Италианската фудбалска федерација (ФИГЦ), Габриеле Гравина, најави дека неговата земја има намера да се кандидира за домаќин на Светското првенство во 2030 година.
Во моментов, најголеми шанси за организација на овој Мундијал има заедничката кандидатура на Шпанија и Португалија, особено што кандидатирата на Велика Британија и Ирска доби силен удар по инцидентите на Вембли на финалето на ЕУРО 2020.
Во моментов, сепак, нема цврста одлука за кандидатурата, но Гравина изјави дека триумфот на Европското првенство предизвикала голем импулс за моралот и општествено сплотување на Италијанците и ја исполнило државата со гордост.
Ја разгледуваме можноста за кандидатура на Италија за Мундијалот 2030 година, кога се одбележува стогодишнината на светските првенства. Факт е дека треба да ја подобриме состојбата на стадионите, затоа што доколку не спроведем еден инвестициски циклус во инфраструктурата никогаш нема да може да бидеме кандидати за организација на еден голем настан. Почнуваме серија синергиски разговори со инвеститорски групи и со Влдата. Работите треба да се изведуваат со голема брзина – изјави Гравина.
Гласањето за домаќин за Светското првенство во 2020 година е предвидено да се одржи наредниот мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.