Репрезентацијата на Италија одигра само 0:0 на гостувањето во Cеверна Ирска, со што ја испушти водечката позиција во квалификациската Група Ц. На таа позиција заврши Швајцарија, која на домашен терен ја совлада Бугарија со 4:0 и обезбеди директен пласмна на Мундијалот во Катар.

Во другите две групи што се играа вчера од порано беа познати патниците на Светското првенство, Англија и Данска, како и селекциите кои ќе играат во баражаот, Полска и Шкотска.

По синоќешните натпреваро веќе се познати 11 репрезентации кои обезбедија учество на Светското фудбалско првенство следната година.

Покрај домаќинот на Мундијалот 2022, Катар, учество изборија и:

Бразил – победник во квалификациската група во Јужна Америка

Србија – победник во квалификациската група А во Европа

Шпанија – победник во квалификациската група Б во Европа

Швајцарија – победник во квалификациската група Ц во Европа

Франција – победник во квалификациската група Д во Европа

Белгија – победник во квалификациската група Е во Европа

Данска – победник во квалификациската група Ф во Европа

Хрватска – победник во квалификациската група Х во Европа

Англија – победник во квалификациската група И во Европа

Германија – победник во квалификациската група Ј во Европа

За 26 ноември е закажана ждрепката за баражите од Европа во кои ќе учествува и македонската репрезентација. Ќе се формираат три групи со по четири репрезентации, 10 второпласирани од квалификациските групи и две селекции со најдобар резултат во Лигата на нации. Само победниците ќе изборат пласман на СП во Катар.

Досега учество во баражите обезбедија: Македонија, Португалија, Шведска, Италија, Шкотска, Русија, Полска и Велс, кој доколку не заврши како втор во Групата Е, има обезбедено место преку Лигата на нации.

На првенството кое ќе се одржи од 21 ноември до 18 декември 2022 ќе играат 32 репрезентации.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.