Репрезентацијата на Италија стана новиот европски првак, откако во финалето на Европското првенство ја победи Англија по пенали со 4-3 (1-1). По реглуларниот дел, кој заврши со 1:1, двете нации играа продолжение од 30 минути. Но победник се уште немаше. Единствени погодоци беа на домаќинот кој поведе уште во втора минута, а Бонучи ги врати „Аѕурите“ во игра.
По добро изведените два удари, прв промаши Белоти за Италија. Иако Мегвајер реализираше, притисокот не го поднесе Рашфорд кој биеше многу лошо. Сепак, по голот на Бернардески, пеналот на Санчо го одбрани Донарума. Петтиот удар за Италија го промаши Жоргињо, ама Букајо Сака не успеа да го матира голманот на Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.