Кристијано Роналдо потпиша двегодишен договор со клубот од Манчестер. На претставувањето ја имаше и првата изјава по доаѓањето на „Олд трафорд“ каде вели дека овој клуб секогаш имал посебно место во неговото срце.

„Манчестер јунајтед е клуб кој секогаш ќе има посебно место во моето срце. Ме совладаа емоции по сите пораки кои ги добив по моето доаѓање минатиот петок. Не можам да дочекам да играм на „Олд трафорд“ пред полн стадион и повторно да ги видам фановите. Се радувам на придружувањето на тимот по интернационалната пауза и се надевам дека пред нас е многу успешна сезона“, изјави Роналдо.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.