Познати се три од четирите полуфиналисти на јужноамериканскиот пандан на Лигата на шампионите – Купот Либертадорес. Палмеирас, Атлетико Минеиро и Фламенго изборија место на завршниот турнир во наелитното клупско натпреварување во Јужна Америка.

Ова е првпат во историјата три клуба од иста земја ќе играат во полуфиналето.

Но, бразилскиот успех може да го надополни Флуминенезе и да го направи полуфиналето целосно бразилско.

Вечерва Флуминензе гостува во Еквадор против Барселона, а првата средба меѓу овие два тима заврши нерешено 2:2.

Финалето во Копа Либертадорес ќе се одигра на 27 ноември на стадионот „Сентенарио“ во Монтевидео, Уругвај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.