Спортскиот дневен весник „Л’Екип“ и денес го нема во киосците во Франција, неговите новинари се во штрајк од 8 јануари, што досега претставува најдолг период, 12-ти ден по ред на необјавување на весникот, јави дописникот на МИА.
Меѓусиндикалната организација на четирите синдикати на вработените во весникот, меѓу кои и новинарскиот, одлучија да го продолжат штрајкот за 24 часа на крајот на генералното собрание.
Причината за штрајкот епланот за заштита на вработувањето (ПСЕ) кој предвидува укинување на педесетина работни места, од кои 47 на новинари, во рамките на САС Л’Екип (дневниот весник, неделното издание, Вело Магазин и неделникот Франс фудбал, кој е во процес да биде месечно издание) во кои работат 350 лица. Во исто време, планирани се создавање на 12 работни места за зајакнување на понудата за Интернет. Целта е да се заштедат 5 милиони евра и да се избегнат 6 милиони загуби во 2021 година, во контекст на падот на продажбата на хартија влошена од здравствената криза и прекинот на спортските натпревари од минатата пролет.
Соочени со протестот, управата предложи во понеделникот нова алтернатива на ПСЕ: договор за колективни конвенционални раскинувања што овозможува помалку заминувања, заедно со договор за колективни успеси (АПЦ), со елиминација на слободните денови и намалување на платите. Но, „принципот на АПЦ е отфрлен од вработените. Раководството ги „подобри малку почетните услови“ поврзани со ПСЕ, „но тоа не гарантира отсуство на присилно заминување“, се вели од синдикатите. За четврток е закажана нова средба меѓу синдикатите и управата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.