Раководството на Интер веќе бара заменик на аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди, кој најверојатно ќе биде продаден во летниот преоден рок. Скандалите во последните денови поврзани со Икарди не влијаат позитивно на атмосферата во соблекувалната на клубот, па раководството на Интер решило најде заменик на Аргентинецот.
За Икарди има сериозен интерес од Реал Мадрид, Челзи, Јувентус и Наполи, а „нероазурите“ како замена ќе се обидат да го ангажираат Един Џеко од Рома за да ги решат проблемите нападот.
Марота смета дека Џеко е добра опција за тимот, а спортскиот директор е убеден дека ќе успее да се договори и со колегите од Рома.
Друга опција за нападот, но многу поскапа и помалку веројатна за Интер, е Уругваецот Единсон Кавани од Пари Сен Жермен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.