Премиерлигашот Челзи понудил да плати 130 милиони евра за трансфер на напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку.

Според „Фудбал Италија“, Интер, сепак, го одбил лондонскиот тим, затоа што „неро-аѕурите“ не се подготвени да се разделат со белгискиот напаѓач ова лето.

Во објавата се наведува дека интерес за Лукако имало и од Манчестер сити.

Минатата сезона, 28-годишниот Лукаку одигра 44 натпревари за Интер на сите натпреварувања, на кои постигна 30 гола и забележа 10 асистенции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.