Милански Интер на домашен терен вечерва стигна до првите 3 бода сезонава во ЛШ откако со 2-0 го совлада ослабениот тим на Борусија Дортмунд. Гостите кои во Италија отпатуваа без Макрко Ројс и Пако Алкасер беа надиграни од тимот на Конте.

Резултатот го отвори Лаутаро Мартинез во 22. минута и ги зголеми шансите за пласман во нокаут фазата од групата Ф во Лигата на шампионите. Истиот играч во 83.минута не искористи и пенал откако Роман Бурки успеа да го одбрани неговиот удар, а Антонио Кандрева погоди за конечен триумф во 89.минута.

Уште еден италијански претставник, Наполи, вечерва издвојува триумф на гостувањето кај Салцбург (2-3). Дрис Мертенс беше двоен стрелец и го надмина легендарниот Диего Марадона во бројот на голови постигнати за клубот од Неапол, а еднаш во листата на стрелците се запиша и Лоренцо Инсиње. Двоен стрелец за домаќинот беше одличниот напаѓач Ерлинг Браут Халанд.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.