Навивачите на Интер го прогласија за лажго поранешниот капитен на клубот oткако при проверката на коленото на Мауро Икарди, докторите рекле дека сè е во ред.
Мауро Икарди беше на прегледи на клиниката во Розано поради болки во десното колено. Тестовите не покажаа промени на коленото во однос на прегледите на почетокот на сезоната, објави Интер.
Икарди пред почетокот на наптпреварот на Интер со Сампдорија пријавил поврда на коленото и не играше, најверојатно поради кавгата со клубот. Ваквата лага по се изгледа скапо ќе го чини Икарди, кому во меѓувреме му беше и одземена капитенската лента.
Сопругата на Икарди и неговата менаџерка, Ванда Нара која се обидува да му обезбеди што помоглема плата на Аргантинецот, наводно му понудила две опции на Интер – јавно да му се извинат на Икарди за навредата, а втората е да му ја вратат капитенската лента.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.