Италијански Интер до крајот на зимскиот преоден рок ќе се обиде во своите редови да го донесе Месут Озил. Германецот не е во плановите на Емери и е на излезна врата во Арсенал, но иако има интерес од повеќе клубови, неговата плата е главна пречка во преговорите.
Понудата на Интер е позајмица до крајот на сезонава, но „нероазурите“ можат за него да одвојат плата од 200.000 евра неделно, додека остатокот ќе треба да го покријат „топчиите“.
Ситуацијата во која се наоѓа Арсенал е незавидна, доколку се одбие понудата на „нероаѕурите“ Озил би останал во Лондон, што е ризик за дополнително влошување на атмосферата во соблекувалната кога најплатениот фудбалер кој воопшто не игра на теренот.
Останува да се види дали Арсенал би можел да го искористи германскиот плејмејкер како „џокер“ во преговорите за Перишиќ, за и двата клуба да се ги исполнат желбите, Хрватот да дојде на „Емирати“, а Германецот да се испроба и во Калчо-лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.