Италијанскиот шампион вечерва беше поуспешен од Наполи и го порази вториот тим на табелата во Серија А со 1-2 на гостински терен. Гоманот Алекс Мерет направи прекршок на врвот од шеснаесетникот и доби црвен картон на средината на првото полувреме, а Пјаниќ беше прецизен од слободниот удар за 0-1.
Пред финишот на првиот дел Емре Џан ја дуплираше предноста на „старата дама“ кога погоди од пет метри по еден корнер.
Силите на теренот беа изедначени на самиот почеток на првиот дел кога Пјаниќ доби втор жолт, односни црвен картон. Наполи тргна офанзивно кон голот на Јуве што резултираше со погодок преку Kaљехон во 61. минута. Шанса да спаси бод за домаќините имаше Инсиње кој не реализираше од берлата точка на 5 минути пред крајот на натпреварот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.