Иницијаторите на Суперлигата, чиј првичен концепт пропадна под жесток притисок на бројни институции и јавноста, сè уште не се откажале од намерата да го заживеат новото натпреварување.
Германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ пишува дека се размислуива за промени во концептот на Суперлигата, според кој во новото натпреварување би учествувале 20 најдобри екипи, со можност и за така наречена „втора лига“ со дополнителни 20 тимови, при што сите екипи би продолжиле да играат во своите национални лиги.
Германските новинари наводно имале увид во документот, кој открива некои нови правила во обидот да заживее Суперлигата, а истовремено содржи и критики за постојните натпреварувања во организација на УЕФА.
Зад идејата за формирање Суперлига останаа само Јувентус, Реал Мадрид и Барселона, а другите девет иницијатори се повлекоа од проектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.