Четири години откако замина во пензија, фудбалските фанови во Македонија бараат назад во студиото да се врати Златко Калински и да биде специјален гостин за Европското првенство на кое ќе игра Македонија..
Ваква иницијатива се на фановите се појави на Фејсбук страната „Спортска Македонија“.
ИНИЦИЈАТИВА – како порака до МТВ!!!!
НА БАРАЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ НАВИВАЧИ!!!!!!!
Да се овозможи од МТВ доколку е можно, маестрото КАЛИНСКИ да биде посебен гостин во отвореното студио за ЕП, од каде ќе се пренесуваат дуелите на МАКЕДОНИЈА – се наведува во иницијативата.
Калински 42 години беше еден од најпрепознатливите гласови во македонскиот етер и ја водеше публиката во преку 2.100 преноси во разни спортови, а сега публиката бара да се појави како специјален гостин во отвореното студио на МТВ за ЕП 2020 на кое ќе дебитира Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.